Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

Од:

Најновите изјави на премиерот Мицкоски уште еднаш потврдуваат дека оваа Влада нема ниту стратегија, ниту политичка волја за справување со инфлацијата и растечките трошоци за живот. Наместо конкретни и системски решенија, граѓаните добиваат само празни зборови, бесконечни „анализи“ без рокови и магливи ветувања за идни мерки кои никогаш не се реализираат, велат од Левица.

„Макроекономските бројки не лажат: инфлацијата во Македонија која достигна до 9,4% во 2023 година, а беше стабилизирана на 3,5% во 2024, летово повторно забрзано расте и тоа 4,5% во јуни и 4,8 % во јули. Најмногу пораснаа цените на храната и безалкохолните пијалоци (6,8 %), а голем пораст има и во секторите транспорт, култура и угостителство.

Овие податоци покажуваат дека поскапувањата не се само резултат на глобални шокови, туку и на системска неефикасност, коруптивни практики и толерирање на монополските структури. Владата, наместо да реагира со итни и јасни мерки, нуди само магливи најави за „анализи кои траат“, без рокови и конкретен план за имплементација.

Неспособноста да се воспостави ефективна контрола на цените на основните производи ја поткопува довербата на граѓаните во институциите. Големите трговски синџири и дистрибутери, со години остварувајќи рекордни профити, ја злоупотребуваат својата пазарна моќ – одржувајќи енормни маржи и создавајќи вештачки ценовен притисок. Пазарната инспекција молчи, додека монополите договараат нови ценовни шокови.

Наместо да ја регулира економијата и да го олесни товарот на граѓаните, Владата ја правда инфлацијата со зголемените плати и пензии, премолчувајќи дека овие зголемувања брзо се изедени од растот на цените. Народната банка предвидува инфлација од 3,5 % за 2025 година, а ММФ 3,4 %, но ризиците за нови поскапувања остануваат високи, особено во услови на нефункционална државна регулација.

Левица инсистира на системски пристап со воведување вистинска и функционална ценовна контрола, прекинување на коруптивните договори и разбивање на монополските структури, поддршка за домашното производство и транспортните услуги и обезбедување фер и конкурентен пазар во интерес на сите граѓани, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката