Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Од:
Левица дава целосна и недвосмислена поддршка на жителите на Шупли Камен кои повторно се принудени со протест и блокади да го бранат речното корито на Пчиња, сопствените бунари, нивите и основното право на безбедна животна средина. Жителите на Шупли Камен веќе еднаш ја водеа оваа битка и го запреа ископот. Седум години подоцна, наместо државата да го заштити веќе оштетеното корито на Пчиња, тие повторно мораат сами да го бранат селото од багерите, обвинуваат од партијата.

Коритото на Пчиња на одредени места е продлабочено и повеќе од пет метри, а со вадењето песок се повлекува водата и се намалува нивото на подземните води од кои зависат бунарите и земјоделските површини. Уште повеќе тежи фактот што и самите мештани потсетуваат на четири трагични настани во длабоките вирови создадени по ископите.

Затоа е недозволиво денес повторно да се слуша истата административна формула за наводно „уредување на речно корито“, додека жителите на терен гледаат ново масовно вадење речен материјал. Институциите не смеат зад бирократска терминологија да сокриваат интервенции чии последици директно ги чувствуваат луѓето што живеат покрај Пчиња. Животот и водата на луѓето не смеат да бидат колатерална штета на ничиј профит.

Посебна политичка одговорност има АД „Водостопанство“, чиј директор Филип Филиповски истовремено е и претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Куманово. Затоа јавно прашуваме: Кој и врз основа на каква стручна проценка одлучил повторно да се интервенира токму на простор каде веќе постои тешко искуство со неконтролирани ископи? Колкава количина песок, чакал и камен е дозволено да се извади, до која длабочина, кој го контролира изведувачот и кој ќе одговара доколку се нарушат подземните води или повторно се создадат опасни длабнатини?

Левица бара итен инспекциски надзор, јавно објавување на целокупната дозвола и техничката документација, утврдување на фактички извадените количества речен материјал и запирање на работите.

Шупли Камен веќе платил превисока цена за институционалната неодговорност. Ниту еден кубик песок и ниту еден приватен интерес не вредат повеќе од водата, безбедноста и животот на луѓето. Левица е со жителите – Пчиња не смее повторно да стане жртва на бизнис интереси под институционален печат на ДПМНЕ, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски вети бесплатен, а не субвенциониран оброк за учениците од септември

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ