Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Од:

Левица продолжува да објавува факти за незаконското градење хотел од поранешниот директор на УБК – Сашо Мијалков, во строго заштитена зона на Охридското Eзеро. Претходно, Левица објави дека инспектор за животна средина Игор Трајкоски постапил незаконски при надзорот над спорниот хотел и не ја утврдил фактичката состојба. Односно, инспекторот при увидот наместо да го побара Решението за одобрување на Елаборат (кое го издава Министерството за животна средина), тој од инвеститорот „Дивелоп Груп” (фирма на Мијалков), побарал само Елаборат за животна средина, кој го изготвува самиот инвеститор, тврдат од Левица.

„Причината зошто инспекторот Трајкоски свесно заобиколил да го побара Решението за одобрување на Елаборат е тоа што вакво решение не постои. Односно, во одговор на Министерството за животна средина јасно стои дека во “министерството нема издадено Решение по Елаборат за животна средина”. Согласно законските одредби, без вакво решение воопшто не смее да се издаде одобрение за градба.

Но, за градоначалникот Пецаков нема ништо незаконски за нивниот поранешен партиски директор, затоа што според тврдењата на локалната власт, одобрението за градба на хотелот на Мијалков датира од 2012 година?! Власт која не пропушта да истакне дека сите ќе одговараат и дека ќе се расчистат сите криминали, очигледно не може да поведе ниту една кривична постапка за криминално издадено одобрение за градба, додека се узурпира непроценливо природно богатство.

По примерот на дивоградбата на Нефи Усеини (која непречено се изгради под владеењето на “скандинавскиот” градоначалник Кирил Пецаков), така институциите не постапуваат и за криминалниот проект на Сашо Мијалков. Борбата против криминалот и корупцијата е само празна флоскула на Владата предводена од ДПМНЕ, која очигледно уште не е ослободена од влијанието на нивниот поранешен директор на УБК и неговите криминали“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста

Левица: Ѓорѓиевски продолжува со скандалозни назначувања – партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошка

(ВИДЕО) Исмаил: Резолуцијата ја осудува опозицијата место да ја ограничи владата за внес на мигранти

Левица: Брутално скратен буџетот за лицата со ретки болести – државата штеди на живот

Горан Наумовски

Левица: Дали партиски инсталации во ДБКИ се шверцуваат во Мисијата на НАТО во Брисел спротивно на закон?

Горан Наумовски

Левица: Орце глуми скромност, а ангажира личен шофер за претседателот на Совет