Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Од:

На последната седница на Советот на Општина Аеродром градоначалникот Дејан Митевски, по веќе востановената пракса на неговиот претходник Тимчо Муцунски, шверцерски протна изградба на две нови висококатници во Аеродром. Имено, на само пет минути пред почетокот на седницата на дневен ред беа додадени ДУП И-09 и ДУП И–12 со кои е предвидена изградба на две нови станбени чудовишта, од 12 по ката, на потегот на булеварот Трета Македонска Бригада, кај населбата наречена „Табак Сити“. Овие бетонски ѕидови ќе го спречат струењето на воздухот, што дополнително ќе го зголеми веќе алармантното загадување, реагираат од Левица.

Овие згради не само што ќе го уништат малку останатиот неизграден простор, туку ќе го задушат и онака загадениот воздух што секојдневно го вдишуваме.

ДУП-от И-09 и ДУП-от И-12 кои беа подметнати пред почетокот на седницата, не оставија простор истите да бидат разгледани од страна на советниците во општина Аеродром. Меѓу другото, Општината Аеродром успеала во рекорден рок само за еден ден да добие одобрување од Министерството за транспорт и врски, што највероватно е најбрзо одобреното барање во историјата на државата!!!

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сѐ за да ги задоволи апетитите на градежната мафија, не покажувајќи ни најмала грижа за здравјето и иднината на своите сограѓани.

Кога Левица ќе дојде на власт ќе стави крај на сите штетни ДУП-ови, ќе ја запре неконтролираната бетонизација која се случува во Аеродром и ќе создаде услови за нормален и квалитетен живот за жителите од општината, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва