Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ – повлечен Законот за интонирање на химната

Од:

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на македонската химна во средните училишта – денес, во македонското Собрание пристигна допис со кој Владата, како предлагач, се повлекува од оваа намера, односно ги повлече измените на Законот за средното образование, реагираат од Левица.

Повлекувањето на Законот за интонирање на химната во училиштата е уште еден пораз за македонските национални интереси, директно резултат на поданичката политика на ДПМНЕ! Оваа партија, која се претставува како ‘патриотска’ опција, повторно клекна пред албанскиот политички блок, покажувајќи дека нејзините одлуки се диктирани од страв и уцени, а не од интересите на македонскиот народ!

Инаку, ДПМНЕ со законските решенија предлагаше опционално интонирање на македонската химна. Поради избегнување на сецесионистички политики и не интонирање на химната од етнички причини – пратеничката група на #Левица поднесе амандман за задолжително интонирање на химната на цела територија на Република Македонија безразлика на желбите и ставот на локалната власт.

Ова не е првпат ДПМНЕ да покаже слабост и да се предаде пред оние кои работат на разнебитување на државата. Понизноста и поданичката политика на ДПМНЕ не се новост – тоа е нивниот континуитет! И покрај тоа што располагаат со 58 пратеника, оваа Партија веќе неколку пати дозволи ВРЕДИ да биде доминантен фактор во владата.

Од повлекување на закони, преку премолчено прифаќање на уцени, до клекнување пред партнерите кои го разнебитуваат унитарниот карактер на државата – ова е партијата која наместо лидер, постојано бира да биде следбеник. Со вакви политики, ДПМНЕ се истакнува како најслабата карика во борбата за националното достоинство, овозможувајќи други сили да диктираат услови и политики во Македонија, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола