Левица: Брутална експлоатација во ,,Кромберг и Шуберт” – институциите не постапуваат

Од:

До политичката партија Левица пристигнаа информации од вработени во компанијата „Кромберг и Шуберт”, кои се жалат на бруталните услови под кои се принудени да работат во оваа екстра – профитабилна компанија.

„Работниците се жалат дека се принудени да работат дури по 12 часа на ден, без нивна согласност – во спротивно биле УЦЕНУВАНИ дека ќе им биде прекинат работниот однос нив или на нивните блиски.

Иако претходно било пријавувано, НЕМА никаква постапка од страна на Државниот инспекторат за труд, кој со децении со неговиот пасивен однос се става во заштита на крупниот капитал, наместо да ги штити експлоатираните работници.

Левица и претходно има реагирано за бруталната експлоатација во оваа странска компанија, од која единствено добивме закани за ТУЖБИ – кои никогаш не беа доставени, затоа што очигледно е кој манипулира со јавноста и кој го крши законот.

Алармираме и бараме одговорност од директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, за непостапувањето на оваа институција пред очигледното кршење на работничките права.

Се работи за економски гигант, кој во 2023 година остварил приход од 300 милиони евра, со што уште еднаш се потврди дека профитите на олигархијата извираат од експлоатацијата на работничката класа, која во ваков незауздан капитализам е целосно незаштитена од владејачките партии.

Македонија, како држава на периферија на капитализмот, стана рај за странските инвеститори и ПЕКОЛ за работниците, додека партиите на естаблишментот се вазални на странскиот капитал и интерес, кој државата ја претвори во потчинета колонија, каде сите ресурси (вклучително и човечкиот) се брутално експлотирани за туѓите интереси.

Сè додека партии кои се предводени од милионери се дел од секоја власт, тие ќе ги штитат интересите на сопственичката класа од која доаѓаат, додека работниците ќе бидат брутално експлоатирани и незаштитени за милионските профити на странските моќници“, соопштија од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он