Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Од:

Изразуваме целосна поддршка кон барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на платите. Барањата на ССМ се легитимни, оправдани од секојдновното зголемување на трошоците за живот и насочени кон подобрување на животниот стандард и почитување на работничкиот труд, велат од Левица.

„Поминаа речиси две години власт на ДПМНЕ и исто толкав период на игнорантски однос кон граѓаните кои едвај го поминуваат месецот со најниска минимална и просечна плата на Балканот, иако според тврдењата на Мицкоски сме „четвртата економија во светот и трета во Европа по раст на БДП”.

Ги повикуваме ДПМЕН, ЗНАМ и ВРЕДИ да се разбудат од илузијата. Мицкоски мора да избере дали ќе ја продолжи својата бизнис кариера и ќе му служи на крупниот капитал, прилепен во прегратките на Бранко Азески, или пак ќе почне да ја врши својата премиерска функција во служба на граѓаните. Мицкоски треба да разбере дека извршува државна функција која му налага да го штити послабиот од помоќниот, а не функција на статист во трипартитниот дијалог меѓу работниците, работодавачите и Владата.

Потсетуваме дека Левица минатата година поднесе Предлог – закон со кој требаше платите на сите работници да се зголемат за најмалку 100 ЕУР. Со тоа, минималната плата сега ќе изнесуваше 500 евра и ќе го избегневме дното во кое се наоѓаме моментално. Наместо тоа мнозинството на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ одлучи експресно да го одби решението, удоволувајќи му на бизнис секторот.

Трошоците постојано растат, а работникот повеќе нема време за чекање. Затоа, Левица изразува недвосмислена поддршка на протестот на ССМ со јасно барање до Владата конечно да преземе конкретни мерки за подобрување на економскиот статус на работникот, што значи плата која овозможува достоинствен живот, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски

Левица бара одговорност од полицијата, Обвинителството и судот за постапувањето во случајот со претепаната Сара од Охрид

Левица: ДПМНЕ ќе решавале големи државни прашања, а не можат ни со кравите и Стојна да се справат

А1он

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

(ВИДЕО) Крмов: Гаши ги ускрати пратеничките прашања на опозицијата со произволно толкување на Деловникот