Левица: Без знаме и без гордост, Силјановска – пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет

Од:

На заедничката средба помеѓу претседателите на Македонија и Бугарија, македонското знаме беше отсутно! Овој чин е далеку од само дипломатски инцидент, туку – симболичен показател на односот на владеачките елити кон бугарските врховистички барања и доказ дека Силјановска е пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет – без знаме и без гордост, наведуваат од Левица.

Живееме во историски времиња – за прв пат претседател на Македонија оди на официјална средба со странски државник без да е истакнато македонското знаме.

Протоколот во вакви ситуации јасно наложува почитување на симболите на двете држави.

‼️ Недостатокот на македонско знаме на официјален настан е срамно потклекнување пред Бугарија и уште една епизода од историјата на национално понижување кое почна со „Договорот за добрососедство“!

Ваквите провокации не можат да се толкуваат како „добрoсоседски односи“ кога нивната цел е јасна – поткопување на македонската независност и продолжување на антимакедонскиот наратив ,,две држави-еден народ”.

Радев не се обидува да гради вистински односи, туку пропагира бугарски национал-шовинизам, со поддршка од македонските политичари подготвени на компромиси на штета на сопствениот народ и потклекнати пред бугарските ултиматуми.

Од политички лидери кои ветуваа чест и независност, Силјановска и ДПМНЕ се покажаа само како посредници на странски агенди. Наместо да ја следат волјата на народот кој ги избрал, големите патриоти исполнуваат желби на надворешни сили.

Левица ја лоцира одговорноста и во протоколот на Силјановска, кој не смеел да дозволи ваков дипломатски дебакл и морал веднаш да интервенира.

Наместо да биде соучесник во историското ревидирање кое ја поткопува и деградира македонската сувереност, ги повикуваме Силјановска и ДПМНЕ јасно и гласно да се спротивстават на бугарските националистички барања и веднаш да стават крај на договорите и преговорите кои ја уриваат македонската државност и идентитет, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Бугарија има можност да се докаже на 24 јуни, па како добри соседи да ги градиме односите

Од 1. јануари во Бугарија само со евра

Катерина Ѓуровски

Бугарите протестираат против воведувањето на еврото: „Сиромашните се плашат дека ќе станат уште посиромашни“

(ВИДЕО) Матурантка во Бугарија на прославата пристигна во багер, со трубачи

А1он

Мицкоски: За време на Хашкиот самит во НАТО да има билатерална средба помеѓу претставниците од кај нас и од Бугарија

Претседателот предложи, а бугарскиот парламент го одби референдумот за еврото

А1он