Левица бара Гаши да ја одблокира декларацијата за признавање на Палестина која е блокирана од Муса Џафери

Од:

Бидејќи Декларацијата за признавање на државата Палестина повеќе од три месеци е заглавена во надлежната собраниска Комисија, Левица го повикува претседателот на Собранието – Африм Гаши да ја искористи својата деловничка обврска и оваа декларација да се стави на дневен ред конечно, велат од Левица.

– За Левица е скандалозно што претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери (воедно и пратеник од ДУИ), одбива да ја стави на дневен ред Декларацијата за Палестина, поднесена од пратениците на Левица. Ваквото неделовничко однесување го руши легитимитетот на највисокиот законодавен дом, каде поради нечие самоволие, пратениците, како народни избраници, се лишени од можноста да ги изразат своите ставови.

Согласно собранискиот Деловник, единствено спикерот Африм Гаши има обврска да го одблокира овој процес, како што беше случајот со унгарскиот кредит, каде СДС одбиваше да го стави на дневен ред на комисија, по што експедитивно интервенираше спикерот Гаши и унгарскиот кредит беше експресно усвоен.

Бојкотот на оваа декларација е директно кршење на меѓународните документи кои Република Македонија ги има усвоено, како што е Резолуцијата 194 (усвоена од Генералното собрание на ООН на 10 мај 2024 година) која се однесува на правото на палестинскиот народ на самоопределување и нивното право на независна држава Палестина. Потсетуваме дека претседателот Африм Гаши не може да се крие позади пратеникот Муса Џафери, затоа што во негови раце е деловничката обврска декларацијата да биде ставена на дневен ред на надлежната собраниска комисија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Горан Наумовски

Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството за земјоделство – Трипуновски ја прекројува систематизацијата

Горан Наумовски

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД