Левица: Остана уште Мицкоски да се самоизбере за член на Регулаторна комисија за енергетика – ново скандалозно назначување

Од:

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е целосно узурпирана од партиски кадри на власта. Мицкоски планира како член на регулаторното тело да ја постави Ана Виткова која моментално е советник во неговиот кабинет! Oчигледно, Мицкоски е цврсто решен да завладее целосно со енергетскиот бизнис во Македонија, велат од Левица.

– Во две години владеење Мицкоски целосно завладеа со РКЕ преку поставување на партиски кадри на ДПМНЕ во (по правило) независното енергетско тело. Во септември 2024 година парламентарното мнозинство за член на РКЕ ја избра претседателката на Комисијата за енергетика при ДПМНЕ – Елена Маркова Велинова, која ги смени своите ставови за цената на електричната енергија веднаш по седнување на регулаторното столче.

Мицкоски си го назначи за претседател на РКЕ Ацо Ристов – поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ДПМНЕ, кој е и дирекно инволвиран во енергетскиот бизнис. Целосната вмровска окупација на РКЕ ќе заврши со изборот на Ана Виткова која моментално работи како советник во кабинетот на премиерот.

Ана Виткова досега работела во комисии во кои се доделувале концесии за користење на водениот потенцијал за изградба на мали хидроцентрали. Оттука, може да се заклучи дека РКЕ повеќе апсолутно не преставува независно енергетско тело, туку е целосно зависно тело – окупирано од ДПМНЕ и бизнис интересите на Мицкоски. Потсетуваме дека Левица, со цел рационализација на теошоците и ефикасност, претходно иницираше укинување на РКЕ и предложи Комисијата да биде одделение во рамките на Министерството за енергетика, но ваквиот предлог беше одбиен од страна на власта. Предупредуваме дека Левица будно ги следи, ќе ги следи и анализира од кривичен апсект одлуките кои РКЕ ќе ги носи на штета на народот во време на окупација на Комисијата од Мицкоски и ДПМНЕ, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски