Летоци со пораки против власта се појавија во Тетово

Од:

На автомобилите во Тетово утрово се појавија неколку вида летоци во боја со различен дизајн и текст. На еден од нив стои текст „Крај за диктатурата“ со фотографии на Груевски, Милајков, Јанкулоска и на Ставрески во затворска облека, на друг пишува „Дали крајот вака мириса“ покрај фотографиите на Јанкулоска и на Ставрески во нацртано срце, а на два други има фотографии на Груевски со слушалки и со текст „Game Over“ или „Готов е“.

Од тетовската полиција ни рекоа дека утрово граѓани кај нив пријавиле дека на улица „Маршал Тито“ биле расфрлани „летоци со одредена содржина“.

Испратени биле службени лица и биле „затекнати и подигнати еден или два летока“.

За случајот дополнително ќе се истражува.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

A1on

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, бизнис од 35 милиони евра, велат од ВМРО –ДПМНЕ

А1он