А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Летна навала на гевгелиските крадци

by А1он28/08/2013 - 17:58148
Share0

Во текот на летните месеци во подрачјето на надлежност на Полициска станица во Гевгелија регистрирани се 27 кражби за 27 дена, што во просек значи по една кражба дневно.

Добивај вести на вибер

Ова е драстичен пораст на кражбите во текот на летната годишно одморска сезона. Само во претходниот месец, јуни и средината на јули, дневниот коефициент на кражби изнесуваше 0,22, со регистрирани 10 кражби, а во последниот месец коефициентот порасна на чиста единица (1,00).

Нискиот животен стандард ги инспирира крадците на секакви прекршоци со цел да дојдат до имотна корист, така што мета на нападите, покрај семејните куќи се и дворовите, продавниците, нивите, па дури и плажите во излетничките места. Она што е предмет на нападите е од различни тип: од мобилен телефон, телефакс, теписи, електрични броила, електрична енергија, радио, велосипед, цигари, пари, пилиња, црева за наводнување, куче, па сè до домашна ракија.

Причинетата материјална штета од украдените предмети, според извештаите на ПС со општа надлежност Гевгелија, изнесува 225.049 денари, или дневното олеснување на граѓаните опфаќа сума од 8.335,15 денари.

Во истиот период евидентирани се 11 нарушувања на јавниот ред и мир. Ова е само уште еден показател дека летото ја разбудува адреналинската авантура, на тие со пари – во патувања низ туристичките места дома и во странство, а на тие без пари – со физички напади (7), карање и викања (2), учество во тепачка (2) и други прекршоци (1), да ја испразнат несаканата фрустрација од животот. Извештајниот период се однесува на деновите од 15.7 до 11.8.2013 година.

Во истиот период според ПС-ОН Гевгелија регистрирани се и 10 сообраќајни незгоди во кои се повредени 10 лица, а како причина за несреќите се наведени неприспособената брзина, возење под дејство на алкохол и непочитувањето на сообраќајните правила. Материјалната штета изнесува околу 10.000 евра.

А.Д.

gevgelijamvr

Би можело да ве интересира

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет

Катерина Ѓуровски16/08/2025 - 10:48

Скопјанец фрлал камења кон полицискиот хеликоптер што полнел вода од Лепенец

Катерина Ѓуровски13/08/2025 - 08:46

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Горан Наумовски12/08/2025 - 12:40

Разрешен е началникот кој ќе носеше директорка на училиште на носилка во полициска станица

А1он10/08/2025 - 14:1710/08/2025 - 15:44

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:2008/08/2025 - 13:27

Скандалозното националистично навивање „влезе во серија“, МВР и Обвинителство го истражуваат случајот со фановите на Шкендија

Катерина Ѓуровски06/08/2025 - 13:0106/08/2025 - 14:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен