Ленче Здравкин, активистка и хуманитарка од Велес и Омер Калеши, ликовен уметник со светска кариера и со потекло од Кичевско, се годинашни добитници на државната награда „Мајка Тереза“.
Наградата се доделува за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Наградата, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе биде доделена во недела на 26 август, денот на раѓањето на хуманитарката и добитничка на Нобеловата награда за мир, Мајка Тереза.