Ленче Ристоска му кажа народна поговорка на Груевски во судницата

Од:

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, на денешното рочиште за случајот „Тенк“ за набавката на екстра луксузниот „мерцедес“, на поранешниот премиер Никола Груевски и другите обвинети им кажа народна поговорка: „Нa човек на сила можеш да му земеш, не да му дадеш“. Обвинителката оваа поговорка ја кажа откако адвокатите се обидуваа повторно да го прекинат денешното судско рочиште бидејќи немале време да го прегледаат цд-то од минатото судење и да го споредат со записникот.

Судијката, Добрила Кацарска, неколкупати им рече дека цд-то од минатото рочиште судот го изготвил во законскиот рок од 24 часа, но ниту еден обвинет и адвокат не дошле да го подигнат. Откако тоа не се случило, иако тоа не е обврска на судот, адвокатите биле телефонски контактирани за да ги подигнат цд-ата, но повторно тоа никој не го направил.

Судијката дозволи 30-минутна пауза. Груевски ѝ рече: „Имам 17 страници од записникот“ на што судијката му рече дека била јасна, а Груевски ѝ возврати – „не не бевте“. „Пропустот е кај адвокатите кои навреме не ги подигнале цд-ата и записниците“, му појасни Кацарска на Груевски. Судењето продолжува по половина час.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски