Лекарската комора бара да не се објавуваат имињата на лекари за кои се води постапка пред надлежните органи

Од:

Лекарската комора преку соопштение од новинарите бара да се почитува презумпцијата на невиност и да се избегнува практиката на објавување на комплетните имиња и презимиња на доктори за кои се поведува некаква постапка пред надлежните институции.

Овластените институции, без влијанија и пристисоци, како што посочуваат од Лекарската комора, си ја извршуваат својата задача која се базира врз факти и стручни заклучоци од страна на експерти по одредени, соодветни области.

Секое истапување во јавноста со делумни информации за покренати постапки за спроведување на вонредни стручни надзори за доктори на медицина, внесуваат голема конфузија и го рушат угледот и достоинството на докторите. Исто така, секое објавување на името на оние за кои е покрената истражна или друга постапка е прејудицирање на вината и со право може да се смета дека е форма на притисок врз надлежните институции и јавноста, искривувајќи ја сликата за вистината, истакнуваат од Лекарската комора.

Комората го поддржува навременото, објективното и аналитичко информирање на јавноста за сите настани и појави во здравството, но не и предвремената јавна осуда на инволвираните лица и институции, поаѓајќи од неприкосновеното правило за тоа дека секој е невин додека со судска одлука не се констатира спротивното. Од тие причини, Лекарската комора на Република Северна Македонија најостро реагира на сите постапките на медиумите и новинарите со кои се разрушува угледот и достоинството на докторската професија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Лекарската комора чека решение од Таравари со точно прецизирана одговорност, потоа ќе постапува за лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

A1on

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

A1on

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

A1on

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

A1on