Лекарска комора за Булент Ибрахим: Еминентни стручњаци не најдоа пропуст во работењето на лекарите

Од:

Лекарската комора во целост ја отфрла реакцијата  на сопругата на Булент Ибрахим, починат од сепса по операција на хемороиди, во која таа вели дека отфрлањето на кривичната пријава против докторот кој ја извршил операцијата, сопственикот на операционата сала и анестезиологот е „пародија од Обвинителството и Лекарската комора“ и „срам за Лекарската комора, правдата, за Основното јавно обвинителство – Скопје и за лекарската фела“. Лекарската комора тврди дека еминентни стручњаци утврдиле дека нема пропуст во работењето на лекарите.

Сопругата на Булент Ибрахим смета дека одбивањето на кривичната пријава е срамота за правдата и Основното јавно обвинителство Скопје, срамота за Лекарската комора и за лекарската фела

„Тврдењето на сопругата на починатиот ’дека ова е еклатантен пример за злоупотреба на својата функција, како обвинител, во корелација со Лекарската комора на РС Македонија’ е во целост неосновано. Комората не навлегува во оцена на одлуката на Обвинителството со оглед дека тоа е надвор од нејзините надлежности. Лекарската комора на Република Северна Македонија  нагласува дека Комисијата за стручен надзор, составена од еминентни, компетентни стручњаци од различни медицински области спроведе постапка во делот на стручната работа на докторите инволвирани во целиот случај. Таа заседаваше во повеќе наврати и темелно ја разгледуваше и оценуваше расположливата документација. Притоа, не е утврден стручен пропуст во однос на нивното стручно работење како доктори“, реагираат од Лекарската комора.

Надзорот нагласуваат дека го направиле врз основа на севкупната документација за третманот на починатото лице добиена од Обвинителството и другите надлежни институции, како и медицинската документација добиена од специјалистичката ординација во која се лекувал починатиот и болницата во која е префрлен откако сериозно му била нарушена состојбата.

„Лекарската комора на РС Македонија потенцира дека дозволата за работа на здравствената установа, наемот на хируршката сала и ангажманот на докторите е во надлежност на други институции“, велат од Комората.

Комората сочувствува со болката на семејството и со нивните настојувања да се расветлат причините за смртта на починатиот.

Булент Ибрахим почина на 21 февруари лани, а беше опериран на 18 февруари во затворените хируршки сали на ПЗУ „Д-р сци. мед. К.Митаноски“. Операцијата ја направи лекарот Ѕвонко Николовски од ПЗУ „Јанита“ со анестезиологот Снежана Каваин. Против тројцата семејството поднесе кривична пријава лани на почетокот на март. Во февруари годинава обвинителката се извинила на сопругата на Ибрахим за тоа што предметот осум месеци стоел во фиока, а вчера Обвинителството соопшти дека ја отфрла пријавата оти не е најдена лекарска грешка.

Директорката Иринка Сотирова – Бухова за „А1он“ најостро демантираше дека ДСЗИ не нашол пропусти во постапката, токму поради  утврдените пропусти го иницирале стручниот надзор

Покрај семејството, на соопштението од Обвинителството реагираше и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Директорката Иринка Сотирова-Бухова, веднаш по објавата на соопштението на Обвинителството се јави со реакција за наведени невистини во однос на податоците од Инспекторатот. Во соопштението стои дека пријавениот лекар кој го извршил оперативниот зафат, пред јавниот обвинител го негирал сторувањето на кривичното дело и потенцирал дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Лекарската комора и формираната стручна комисија во Министерството за здравство не констатирале пропусти во однос на неговото постапување како доктор. Директорката Сотирова-Бухова за „А1он“ најостро демантираше дека ДСЗИ не нашол пропусти во постапката, напротив, токму поради  утврдените пропусти го иницирале стручниот надзор од Министерството за здравство.

По нивните наоди затворена беше хируршката сала ПЗУ „Д-р сци. мед. К. Митаноски“, а лекарот Николовски доби забрана да работи надвор од просториите на ПЗУ „Јанита“. Министерството за здравство, пак,  врз основа на констатираните недостатоци од ДСЗИ му ја одзема дозволата за работа на лекарот Николовски.

Семејството Ибрахим по отфрлањето на кривичната пријава најави жалба до Вишото јавно обвинителство и претставка до Советот на јавни обвинители за нестручно работење на обвинителката.

Би можело да ве интересира

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Орце Костов

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Годинава 440 лекари положија стручен испит

Орце Костов

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

Лекарска комора: Да не се создава слика дека сите лекари се манипуланти