Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Од:

Група на млади лекари по општа медицина кои положиле стручен испит за лиценца за работа во Лекарска Комора сметаат дека се жртви на дискриминација во системот на државата затоа што само неколкумина лекари биле повикани на шестмесечна платена пракса која е предвидена според законот за здравствена заштита. Останатиот дел од лекарите не се повикани поради непознари причини.

„После шест години редовни студии на Медицинскиот факултет и уште шест месеци поминат стаж за полагање државен испит, ние сме останати во агонија и загриженост за нашата иднина.

Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем, каде е очигледен недостигот на млади доктори, а во исто време ние сме оставени во чекалната на институциите чекајки вработување или платена пракса која ни следува според закон. Единствениот одговор на кој се повикуваат институциите е да бараме работа кај матични лекари, но веќе активни огласи за вработување во град Скопје и останатите градови, скоро и да нема.

Направени се напори и од страна на Министерството за здравство после склучената средба со министерот за здравство д-р Илир Демири, поднесено е барање до министерството за финансии за решавање на проблемот по итна и неодложна постапка, како и барање од Комисија за имунизација поради недостиг на медицински кадар во вакциналните пунктови во епидемијата со Голема кашлица која станува се поактуелна.

Важно е да ја добиеме оваа борба, доколку се одолговлечи одлуката од Министерство за Финансии и ДКСК за одобрување на финансиите од кои ни зависи започнувањето на платената пракса, следствено на тоа неправедно го губиме и правото да се пријавиме на првиот циклус на конкурси за специјализација. Доколку не се изнајде решение за нашата ситуација, ќе бидеме дел од многуте неправди кои институциите ги прават врз здравствените работници, иако си ја сакаме државата и сакаме да останеме тука, ќе бидеме приморани да ја напуштиме и да одиме некаде каде што ќе се цени нашиот труд и знаење“, се вели во сопштението на група на млади лекари кои побараа поддршка од колегите, професорите, сите останати здравствени работници и граѓаните за да се изборат за своите права.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Предраг Петровиќ

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара