Лекарска комора: Д-р Дамчевски виновен за случајот со лажната бременост кај пациентка

Од:

Докторот Николче Дамчевски, специјалист по гинекологија и акушерство е виновен за случајот во кој водел пациентка како бремена се до терминот за породување кога и соопштил дека воопшто не постои бременост, потврди Второстепениот совет при Судот на честа на Лекарската комора на Македонија.

На седницата одржана на 23 овој месец, Второстепениот совет ја потврдил одлуката донесена од Првостепениот судски совет.

– Со неа, д-р Николче Дамчевски е прогласен за виновен во постапка за случајот кога лекувал и спроведувал постапки на биолошко потпомогнато оплодување на пациентка, ја водел како бремена, иако таа не била. Во целиот период на т.н бременост докторот ја следел, ја информирал за напредокот на бременоста, ординирал терапија за одржување на бременоста се до наводниот термин за породување кога и соопштил дека воопшто не пости бременост. Со наведените дејства, како што оцени Судот на честа, докторот ги прекршил одредбите од Кодексот на медицинска деонтологија и му се изрече мерка времено одземање на лиценцата за работа во траење од седум години, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Лекарска комора со морална осуда за докторот со кокаинот, за други постапки ќе ги чека извешатите од стучните комиции

Катерина Ѓуровски