Лекарска комора: Бремената жена лажно се претставила како докторка

Од:

Лекарската комора соопшти дека бремената жена која била примена на Гинекологија и акушерство, и која  откако се дознало дека нејзиниот свекор има коронавирус, заминала да се породи во „Ремедика“, воопшто не била докторка како што се претставувала.

„Во врска со случајот со пациентката која пред породувањето била високиризична за присуство на коронавирусот, а дала лажни податоци во епидемиолошката анкета извршена во ЈЗУ УГАК и ПЗУ ‘Ремедика’, Лекарската комора на РСМ на барање на ДСЗИ изврши проверка во Регистарот на лекари од причина што во моментот на престојот во двете здравствени установи пациентката се претставувала дека е лекар.

Лекарската комора утврди дека пациентката не е впишана во Регистарот на лекари во РСМ и не поседува лиценца за работа, ниту, пак, била во постапка за стекнување со истата, односно во постапка за полагање на државен испит.

Лекарската комора нема информации дали пациентката поседува диплома и се стекнала со звање доктор на медицина на некои од високообразовните институции во земјава или странство.

Лекарската комора остро го осудува ваквото неодговорно однесување со кое пациентката ги загрозила здравствените работници, родилките и новороденчињата во двете здравствени установи, а однесувањето уште повеќе е неприфатливо доколку навистина се работи за медицинско лице, поради што апелираме до надлежните органи да продолжат со истрагата до целосно расчистување на случајот“, пишува во соопштението од Лекарската комора.

Би можело да ве интересира

Лекарска Комора: Неопходно е докторите да се чуствуваат безбедно за да може да лекуваат

Орце Костов

Младите лекари се жалат: Сите положивме, а само неколкумина повикаа на платена пракса

Орце Костов

Нападнат лекар во Радовиш, настанот го осуди и Лекарската комора

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка