Легализација на дивоградбите во Кочани

Од:

Општина Кочани до почетокот на овој месец извршила легализација на 2.500 дивоградби меѓу кои дивоизградени куќи, доградби и надградба на станови и деловни објекти.

Од вкупно поднесените 5.989 пријави досега постапката е завршена кај 45 отсто.

– Постојано работиме на легализација на дивоградбите. Нашите служби дневно комплетираат над пет барања што е во рамки на зацртаната динамика, изјави Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.

Тој истакнува дека околу 100 барања се одбиени поради неисполнување на потребните законски услови или дел од нив се некомпелтно доставени.

Најголем дел од дивоизградените објекти што се легализираат, се во градот Кочани, а помал се дивоградби во селските населени места во општината.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош