Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Од:

Владата на СДС и ДУИ исплаќала пари за проекти за кои немала целосна евиденција дали средствата се потрошени за намената за која и се префрлени вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– ДЗР во својот извештај за 2021 година нотира дека Владата на СДС и ДУИ за потпроектите кои се дел на Проектот за локална и регионална конкурентност, исплатата кон добавувачите ја врши од буџетот на Владата, при што Владата нема целосни информации за искористеноста на средствата за намената за која е планирана програмата како и податоци дали градежните објекти и опремата се целосно евидентирани како државен имот кај крајните корисници. Владата на СДС и ДУИ префрлала милиони, а не знаела дали и како се потрошени средствата. Ова не е констатација на ВМРО-ДПМНЕ, ова го утврдил Државниот ревизор. Неодговорното трошење на народни пари имало пандемиски размери. Власта на СДС и ДУИ очигледно е дека не водела сметка како и каде завршуваат парите додека завршуваат кај фирми блиски ним, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски