Лефков: Пендаровски кажа дека договорот за Коридорите ќе го преговараат и граѓански здруженија, а на крај Груби одлучуваше за се

Од:

Стево Пендаровски излажа и за договорот со Бехтел и Енка, исто како што лажеше за се друго. Пендаровски кажа дека договорот покрај министрите ќе го преговараат и граѓански организации, за на крај Артан Груби да биде тој кој далеку од очите на јавноста го испреговара и потпиша договорот, а потоа и сокри под клаузула за тајност вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Договорот е потпишан, реализација нема. Суштината е дека Пендаровски лажеше и за тоа сека договорот ќе биде ставен на увид на јавноста, што воопшто не се случи. Пендаровски и се закани дека ако во Собранието се изгласаат законските измени за 60 часовна работна недела за работниците на коридорите тој нема да го потпише указот, за на крај не само што го потпиша, туку и дрско упати порака до сите да се жалат на Уставен суд. Начинот на кој се потпиша договорот е проблематичен и за ЕУ, каде што Македонија сака да стане земја членка, но тоа не е проблем за Пендаровски се додека ги исполнува желбите на ДУИ и Артан Груби, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски