Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Од:

Криминалната коалиција на СДС-ДУИ, наместо како што ветуваа почеток на преговори со Европската Унија, не дистанцираа од неа. Граѓаните препознаа дека зад памфлетите се кријат манипулации за да можат да крадат. Затоа СДС беше казнета на последните избори, пораз кој станува се поголем, особено ако се погледнат последните анкети каде имаат тенденција на дополнително паѓање вели пратеникот а ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Откако направија се, за да не понижат како народ, сега СДС вели дека поради ВМРО-ДПМНЕ сме биле изолирани.Заврши времето на виткање на кичмата и спроведување на диктати. Заврши времето на играње игра со чувствата на граѓаните. Заврши времето на местење тендери, завршува времето на осудени криминалци да шетаат по улиците, завршува времето на корумпирани политичари, корумпирани обвинители, судии. За разлика од минатата криминална власт на СДС-ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Над 450 илјади граѓани ја дадоа довербата да ја водиме Македонија со нашите јасни политики за управување на државата. А резултатите од доброто владеење секојдневно се гледаат.Македонија ќе биде повторно исправена и без прифаќање на диктати и уцени, ќе ги отвориме преговорите за членство со Европската Унија, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел