Лефков: Ексминистерката за култура со службена картичка во Лондон купувала хулахопки, куфери и плишани мечиња

Од:

Денеска почнуваме со обелоденување на скандалот “Бисера Антоанета”, серијал на прес-конференции низ кои ќе презентираме во каква аздисаност и раскош живеела и министерувала Бисера Костадиновска Стојчевска рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Тој рече дека согласно Уредба е регулирано трошоците кои ги прави министерот за култура на месечно ниво да не можат да надминат 60 евра во денарска против вредност. И дека истите треба да направат раздолжување во благајничката каса во рок од седум дена по завршувањето на службениот пат. Поранешната министерка, како што тврди Лефков во неколку наврати го пречекорила дозволеното ограничување, а се раздолжувала и по неколку месеци.

– Во октомври 2023 година министерката Бисера Антоанета остварила службено патување во Лондон во траење од четири дена и тоа од 24.10.2023 до 27.10.2023 година, покрај трошоците направени за хотелско сместување, во патниот налог има приложено сметки за репрезентација, но при уводот на содржината на сметките за репрезентација и увидот во приложените сметки од службената картичка ВИЗА, се констатира ненаменско трошење на буџетски средства спротивно од прописите. Бисера Антоанета потрошила 714 фунти, исклучиво за лични потреби, во Продавницата Gift Galore London потрошени се 89 фунти и купени се фудбалска топка – city football и плишено мече – Paddington bear и двете платени од службената картичка ВИЗА. Шопинг манијата на Бисера Антоанета не запрела тука, туку продолжила и во познатата продавница за куфери Samsonite, каде министерката со средства од Буџетот решила да се поднови со два куфара еден голем Upscape spiner 68/25 Black во износ од 219 фунти од службената картичка и еден помал од истата линија во износ од 59 фунти платен во кеш од службените парични средства. Нормално за да можеме да ја наречеме Бисера Антоанета трошењето морало да продолжи, таа со народни пари пазарела во Mарк & Спенсер каде потрошила 42 фунти за чорапи и хулахопки платени во кеш од службените парични сретства. Во GIFT BOX во Лондон, продавница за подароци потрошени се 146 евра од службената картичка ВИЗА за ова трошење нема доставена никаква сметка тука само слипот од платежната картичка. Исто така потрошени се 158 фунти платени во кеш од службените парични средства во Warner Bros. Studio Tour London: Harry Potter за подароци како што се ракавици, маички, ташна за милениче, изгубената дијадема и сл, вели Лефков.

Би можело да ве интересира

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски