Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Од:

Владата на СДС и ДУИ ангажирала лица на авторски договори иако работите кои се вршени не се авторско дело и не подразбираат таков вид на работа вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Државниот завод за ревизија во Извештајот за работата на владата и буџетските трошења за 2021 година, објавен во 2023 година констатира дека владата ангажирала лица со авторски договори преку агенција за интелектуална сопственост, иако работите и работните задачи не подразбираат креирање на авторско дело согласно законската регулатива. Владата на СДС очигледно е дека ги заобиколувала постоечките законски процедури и сакале преку авторски договори да исплаќаат лица блиски до нив, без да има потреба да ги вработуваат или ангажираат преку системот на АВРМ. Лицата кои ги ангажирала власта добиле само авторски договори, без да има реална потреба од тоа, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски