А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ле Дриан: Франција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан

by А1он07/09/2018 - 16:55242
Share0

Франција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и тие по вокација треба да се приклучат кон Европската унија, кога сите критериуми за нивното пристапување ќе бидат целосно исполнети, порача францускиот министер за Европа и надворешни работи, господинот Жан-Ив Ле Дриан во врска со земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија.

Добивај вести на вибер

Ставот на Ле Дриан го пренесе портпаролката на француското министерство за Европа и надворешни работи, госпоѓата Ањес Фон Дер Мил, соопшти француската Амбасада во Скопје.

– Во исто време, ЕУ треба да се преизгради и нејзиното функционирање да се подобри пред да биде во можност да прими нови земји-членки. Заклучоците усвоени од Советот на 26 јуни оваа година се однесуваат на тие моменти. Без одлука во оваа фаза за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и Албанија, заклучоците ги вреднуваат напорите на овие земји направени во последниве месеци за нивно приближување до Унијата. И покрај тоа што не е формален критериум за процесот на проширување, спогодбата од јуни во врска со името меѓу Македонија и Грција претставува значаен развој на настаните за регионот, смета Ле Дриен.

Во врска со членството во НАТО, Ле Дриан смета дека склучувањето на спогодбата ја оправдува поканата за започнување на разговорите за пристап кон Алијансата, преку Декларацијата од Самитот во Брисел.

Што се однесува до отворањето на преговорите за пристапување кон Европската унија, тој додава дека заклучоците на Советот од јуни предвидуваат одново да се преиспита состојбата во Албанија и во Македонија, во јуни 2019 година, врз основа на извештајот на Комисијата и со оглед на големиот број критериуми, вклучувајќи го и напредокот во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

– Ние ќе го следиме реално постигнатиот напредок, во контекст на извештаите од Комисијата од 17 април кои откриваат недостатоци во овие две области. Во меѓувреме, од суштинско значење е да се развие практична соработка меѓу балканските земји и Европската унија, со цел да се продолжи со зацврстување на регионот во Европа. На тој начин, значително придонесовме кон агендата на приоритети усвоена на самитот во Софија од 17 април 2018 година, со која се дефинираат повеќе начини на соработка, вклучително и во областа на владеењето на правото, поврзаноста и младите, нагласува Ле Дриан.

eufrancijale drianZapaden Balkan

Би можело да ве интересира

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски24/03/2026 - 07:2524/03/2026 - 07:25

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Горан Наумовски20/03/2026 - 12:35

Речиси 20 отсто помалку жени отколку мажи се вработени во Западен Балкан

А1он08/03/2026 - 20:4008/03/2026 - 20:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто