ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

Од:

Најостро го осудуваме инцидентот на скопскиот аеродром настанат при проверка на косовската претседателка Вјоса Османи, велат од Либерално-демократската партија. Како што заклучуваме од официјалните информации на Министерството за внатрешни работи, насилниот чин од страна на припадници на обезбедувањето на претседателот на Собранието кон вработените и контролорите на скопскиот аеродром, претставува сериозно загрозување по животите на луѓето кои го контролираат авио-сообраќајот, патниците и сите оние кои биле присутни во моментот на претење со огнено оружје, велат од партијата.

Тие додаваат дека се уште не е заборавен упадот во МНАВ.

„Апелираме за поголема контрола која ја засега безбедноста на луѓето, за што не е дозволено ни најмала невнимателност. Недозволиво е било какво кршење на законите и нарушување на јавниот ред, мир и безбедносните протоколи од било кого, без разлика дали станува збор за високо позициониран функционер или носител на јавна функција. Го охрабруваме ОЈО и сите засегнати институции да постапуваат согласно законите и да се расветли настанот, порачува ЛДП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Косово го поддржа американскиот напад врз Венецуела: Цврсто стоиме зад претседателот Трамп

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

До спикерот Гаши доставено барање за укинување на имунитетот на Јанчев

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

Формирањето на косовската влада повторно не успеа, Османи го распушти парламентот