ЛДП, ВМРО-НП, ОМ и Достоинство заедно за подобар живот

Од:

Обединети за Македонија денеска одржаа Централно собрание.

Раде Милошовски, за А1 изјави, дека бараат од Претседателот Ѓорге Иванов, да го помилува Љубе Бошкоски и со тоа да престанат политичките прогонувања во Република Македонија.

Исто така бараат Апелација да ја поништи пресудата за Бошкоски и судиите да не подлегнуваат на никакви притисоци.

Донесена е одлука од ЛДП, ВМРО-НП и од Достоинство да бараат поддршка за Бошкоски. Најавуваат дека ако е потребно ќе се премине и на радикални мерки и излегување на улица.

ЛДП, ВМРО-Народна, Обединети за Македонија и Достониство в понеделник на прес-конференција ќе соопштат какви ќе бидат нивните натамошни чекори и како ќе дејствуваат.

Дознаваме, ќе ја најават трибината на 29-ти мај во Охрид, од каде започнува нивниот заеднички настап. Соработката треба да се заокружи со заеднички настап на изборите.

Четирите партии, иако идеолошки сосема различни, велат ги спои еден човек, тоа е Никола Груевски, со неговите погрешни политики.

При последната средба, четирите партии рекоа дека ги спојува не голата борба за власт, туку да се стави крај на сериозното суспендирање на демократските процеси,

значително влошениот меѓуетнички соживот во државата, загрижувачката состојба со медиумите, ненаменското трошење пари, сиромаштијата, партизираната администрација и судство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

А1он

ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Предраг Петровиќ