ЛДП: Потребна е издржана законска измена за декриминализација на канабисот

Од:

„Вчерашната одлука на битолскиот суд по којзнае кој пат ја покажа системската трулост на правосудството во Македонија. Имено, досудена е осудителна пресуда со една година ефективен затвор, затоа што полицијата кај сега веќе осудениот пронашла 3 (три) семки канабис сатива и два џоинти, со вкупна тежина од 0,27 грама.

Додека осомничени криминалци за милонски суми слободно се шетаат надвор, а судовите немаат храброст ниту да им одредат мерка притвор, системот кој ВМРО-ДПМНЕ го воспостави да ги штити крупните криминали на владејачката врхушка се изживува врз обичниот граѓанин.

Овој случај по којзне кој пат ја потврдува заложбата на Либерално-демократската партија дека е потребна законска измена со која марихуаната ќе се декриминализира и законска измена со која ќе се овозможи подобра и подостапна употреба на канабисот во медицински цели.

За таа цел, ЛДП припрема предлог законско решение кои ќе биде во корист на граѓаните.

По изречената казна затвор за стоте украдени ќебапи, казната од 150 евра за продавање на марули, ова е уште еден случај кој ќе влезе во најсрамните страни на македонскиот правосуден систем“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис