ЛДП: Поскапувањето на струјата и парното е нов ценовен шок

Од:

ЛДП на прес конференција изрази сериозна загриженост од секојдневните поскапувања на основните животни трошоци со што драстично опаѓа стандардот на граѓаните и рапидно се зголемува сиромаштијата.

Вчерашното поскапување на електричната енергија за скоро 10 % и парното греење за околу 4%, укажа ЛДП, претставува уште еден ценовен шок за граѓаните, дотолку повеќе што се најавува уште едно поскапување на струјата на почетокот на есента.

„Според одредени извори од енергетскиот сектор новата цена на струјата треба да ја покрие финансиска дупка од околу 18 до 20 милиони еvра, која е резултат на неодговорниот однос на Владата која дозволи да се случи скапиот увоз на електрична енергија во првите три месеци од годинава. За жал и без ова најново поскапување граѓаните на РМ плаќаа највисока цена во регионот.Според статистиката на Регулаторниот завод за енергетика, цената на електрична енергија во Македонија, до сега изнесуваше 6,78 евра цент/киловат , за разлика цената во Србија ја е 5, 81 евро цент/киловат, Ц. Гора 6,68 евра цент/киловат, БиХ 5,42 евра цент/киловат, а Косово 4,95 евра цент/киловат. Пресметките упатуваат дека, просечната цена во регионот изнесува 5,77 евра цент/киловат. Цената на електрична енергија во Македонија беше за околу 20% повисока отколку просечната цена во регионот,а со најновито покачување ги надмина и овие 20%“, рече Роза Т. Каревска.

Во изминативе 6 години, рече, Владата наместо да инвестира во изградба на енергетски капацитети парите на граѓаните безмилосно ги троши за купување на струја. За овие години преку увозот на електрична енергија Владата испумпа 1 милијарда долари, за илустрација во 2006 година за увоз на струја се потрошени 62 милиони долари а наредната 2007, 253 милиони долари или 4 пати повеќе, за во 2008 година да се потрошат рекордни 360 милиони долари или 6 пати повеќе од 2006.

Ако пак погледнеме по години колку се трошело, станува јасно дека главен приоритет на Владата бил увозот на електрична енергија наместо инвестирањето во енергетски капацитети.

ЛДП бара Владата сериозно да се зафати со инвестирањето во енергетски капацитети, како што впрочем најави во својата предизборна програма, да ја преиспита работата на Регулаторната комисија за енергетика, на чие чело седи нивниот партиски функционер, со цел да го запре грабежот на граѓаните од страна на ЕЛЕМ, ЕВН, МЕПСО и Топлифокација, а субвенциите за електрична енергија кои им ги дава на најранливата категорија на граѓани да ги усогласи со поскапувањата.

 

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу