ЛДП: Од каде пари на ВМРО-ДПМНЕ за имот од 374 метри квадратни во Битола?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ Битола мораше да бидат транспарентни и искрени пред битолчани и пред нивните гласачи и да кажат колкав е имотот што го купија. Но тие решија да го кријат нивниот имот како змијата што ги крие нозете.

Битолчани мора да ја знаат вистината. ЛДП дојде до имотниот лист на Вмро-Дпмне Битола.

Имотниот лист е со број 91564. Од имотниот лист може да се види дека ВМРО-ДПМНЕ купиле имот во строгиот центар на Битола, со површина од 374 м2. Повторувам 374 м2. Додека има битолчани кои нема каде да живеат, владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ купува имот од 374 м2.

Доколку овој имот е купен на чесен начин, претставниците на Вмро-Дпмне треба веднаш да одговорат:

1. Дали за овој имот платија повеќе од 300 000 евра и

2. Кои се спонзорите и донаторите кои дадоа пари за овој имот.

ЛДП и битолчани се надеваме дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе соберат храброст и ќе одговорат на овие прашања без да се кријат зад нивните коалициони партнери, наведуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција