Лажна вест: Славјанка Петровска држи прес-конференција иако треба да е во изолација

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение до медиумите во кое тврди дека дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска имала решение за изолација, не го почитувала и држела прес-конференции.

Лажна вест: Славјанка Петровска држи прес-конференција иако треба да е во изолација

Лажна вест: Славјанка Петровска држи прес-конференција иако треба да е во изолација

Posted by A1on.mk on Петок, 05 јуни 2020

„Дали Славјанка Петровска денес ги загрози животите на десетици лица, наши сограѓани? Наместо во изолација како лице во потенцијален ризик за ширење на коронавирус таа држеше прес конференција. Петровска за потребите на Заев држеше прес конференција, иако со Решение на ИЈЗ, како што објавија медиумите истата е упатена во домашна самоизолација“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„А1он“ провери дали за Петровска е издадено решение за изолација.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат одговорија: „До денеска, нема издадено решение по ниту една основа за дополнителната заменик министерка, Славјанка Петровска“.

Би можело да ве интересира

Петровска: Мицкоски ја крие вистината, ДПМНЕ го штити со лаги

ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката

Петровска: Дали за помошник министер во МВР е поставено лице со кривична пријава за измама?

Петровска: Во МВР поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија – реакција на Петровска по изборите во СДСМ

Петровска: Јa повлекувам мојата кандидатура за претседател на СДСМ

Горан Наумовски