Лажеш како Латас

Од:

Вечерва бевме сведоци дека фашизмот, тоталитаризмот и ултранационализмот во Макодонија не се искоренети, напротив земаат замав. Но, многу повеке загрижува фактот дека фашистичко-националистичките изјави, постапки, десјтвувања и реализирања се систематски и плански припремани.

Доказ за тоа е пропагандистичкиот новинар кој е само „микрофон” преку кој одекнува ехото и се пренесува идеологијата на националситичките и фашистичките струи во ова мало преубаво парче земја. Вечерва бевме сведоци дека конзервативниот национализам и фашизмот не се таму некаде далеку од нас во некоа друга држава, туку се тука кај нас , во нашите дворови, во нашите улици, во нашите градови, во нашата држава. Вечерва изјавата на „новинарчето” е показател во коа насока оди македонското новинарство, односно желбата на конезрвативните националисти во коа насока би требало да оди новинарството во Македонија. Благодарејки на Латас, новинарството во Мкедонија вечерва доби посмртни венец.

За жал, ваква изјава деградира, омаловажува, понижува и навредува еден народ во Македонија, народ кој е столб на мирот и стабилноста во државата, народ кој максимално допринесува во подобрување на меѓуетничките и меѓуконфесионалните односи во државата, народ кој ја сака оваа држава, народ кој ги почитува законите во оваа држава, народ кој е лојален на оваа држава и покрај тоа што има своја матична татковина и народ кој допринесува на патот кон евроатланските интеграции.

Но, скандалозно и шокантно е тоа што со оваа изјава Латас нѐ навреди само народ во Македонија, него навреди една друга држава и навреди една цела нација, ја навреди Турција и ја навреди турската нација. Не навлегувајќи во тоа колку пријателски се однесува Турција према нашата држава и колку има инвестицији кај нас, доволен е само фактот дека Латас и телевизијата во која работи, буквално живеаат од сериите кои се исто така од Турција, затоа што сериите се единствената причина за гледаност на таа телевизиска куќа.

Изјавата е само израз на една подлабока идеологија на олигархијата која со помош на подгревање и затегнување на меѓуетничките односи, собира политички поени кај својот етнос и така си обезбедува каков-таков опстанок. Но, дали ке може и понатака да собира политички поени на ваква матрица, останува да се види, но сепак оваа матрица изгледа дека е прочитана кај народот и веке „не пие вода”. Се прашувам: Како е можно новинарството да биде не зависно, објективно, не пристрасно политички неутрално а новинарот да му говори на лидерот на опозицијата „Ве победивме на изборите”?!?!?!

Оговорот е повеќе него јасен.

Не сум член на ниту една политичка партија, нити сум бил некогаш член, нити сакам овде да пишувам за партиските заслуги или незаслуги ниту за партиските системи и платформи, ниту некогас сум имал некои партиски интереси ниту им должам услуги или друго нешто на партиите, само сакам да кажам јасно и гласно дека ултранационализмот, фашизмот и радикализмот во нашава држава не не водат никаде, само во пропаст.

Македонија е убава земја, има место во неа за сите нас, може да не нахрани сите нас без разлика на кој етнос и на која конфесија и припагаме, можеме да живееме заедно, човекот е створен како социјално битие и има потреба од заедништво, нашата земја треба да биде како една градина во која има разноврсни цветови и баш таа разновсрност и дава убавина на градината, само е потребно за вакво живеење малку политичка воља за доброто на сите нас. Исто така сакам да му порачам на Латас дека јас сум Турчин, еден од моите главни постулати на мојата религија е:

„Говорете ја вистината па макар да е и горка”.

Затоа јас гордо и со крената глава ја говорам вистината, а тебе би ти ја порачал арапската поговорка:

„Отворија устата само ако она што ке го кажес ке биде подобро од тишината”.

М-р. Мухамед Шемоски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска