Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Од:

СДСМ најостро го осудува чинот на остранување на спомен плочата на НОБ во Охрид. Бараме локалната власт на ДПМНЕ да излезе пред граѓаните и каже кој ќе понесе одговорност. Одговорност за сите инволвирани, бидејќи уништување културно заштитено наследство е казниво дело вели пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска.

– Кој ќе ја сноси одговорноста и кој дозволил да се случи вакво нешто одговор треба да даде градоначалникот од ДПМНЕ, Кирил Пецаков.Насилното тргање на спомен плочата од НОБ е последица на хаосот кој владее во Охрид и дозволеното самоволие. Локалната власт на ДПМНЕ во Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков дозволуваат самоволие, урбано дивеење и уништување на споменици од НОБ. Ова е уште една потврда, ДПМНЕ воопшто не се грижи за историското минато и антифашистичката борба туку само за бизнис интересите на поединци. Само поради нивните бизнис интереси во ризик е културното и историското значање на Охрид. Охриѓани очекуваат одговори од градоначалникот Пецаков кој ќе понесе одговорноста, рече Лазаревска.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус