Лазаревска: Кировски манипулира, судот не врши притисок врз Телма

Од:

По вчерашната објава дека Апелацискиот суд ja потврди одлуката на Основниот суд Скопје 2, со која на телевизија Телма и наложи Емилија Лазаревска да ја ја врати на поранешната функција-одговорен уредник на информативна програма.

Лазараевска за А1 он вели:

– Апелацискиот суд во целост ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд, а тоа е тужениот, односно Атанас Кировски како раководител на Телевизија Телма да ме врати на работното место – Одговорен уредник на Информативна програма. Судот ја испитува законитоста на донесената одлука од негова страна лани во јули да ме деградира на значително пониско работно место уредник- водител и пресудил дека е незаконита и дека е повредено моето право од работен однос според Законот за работни односи кој важи и за приватни медиуми и фирми,а не само за државните.

Судот не навлегува во уредувачки политики или позиции, бидејќи моето работно место е систематизирано и стекнато преку долгогодишна новинарска кариера во таа телевизиска куќа. Јас таму имам редовен работен однос и работнички права регулирани според Закон за работни односи. Според тоа, груба манипулација е соопштението со кое беа отворени вестите на Телма дека судот врши притисок врз Телма. Кировски со извртување на тезите и фактите се обидува да наметне погрешна претстава и за судот и за мене. Тешка клевета е дека судот донел одлука врз основа на сведочењето на поранешниот долгогодишен директор Ристо Лазаров, бидејќи тој воопшто не сведочеше во овој судски процес, туку во вториот кој се води паралелно, бидејќи малку му беше што ми го девалвираше мојот скоро 30 годишен труд во новинарството, туку само два месеца потоа лани во октомври, повторно ме деградираше, и ме прераспорели на ново, измислено работно место репортер во Утринска програма, кога во Телма не постоеше таква програма. По оваа тужба има првостепена пресуда и сега е во тек жалбена постапка. Всушност, со мојот адвокат го предложивме и Кировски како сведок,а судот го прифати,но тој не се појави на ниту едно рочиште, посочува Лазаревска.

Таа, на бурната реакција на раководството на Телма, во која се тврдеше дека судот врши директен притисок и сака да ја одредува уредувачката политика на медиумот, Лазаревска вели:

– Искрено, не очекував таква брзоплета , панична реакција и отворање на вестите со мене и мојот случај со таков катиљ ферман. Еве, не знам , бидејки сум надвор од државата, го читаа како редакциски коментар на голо, со инсерти или прилог правеа? Јас никогаш не би реагирала така, всушност така сум работела и така ме учеле. Може да викаме, негодуваме, се расправаме зад сцената. Кога почнува процесот на правење на вести единствено се важни фактите, вистината, објективноста и професионалноста. По тоа беа и препознатливи вестите на Телма. Па ќе продолжам во тој дух. Ова не е само моја борба. Така треба да ја сфатат сите новинари и професионалци од еснафот, но и работодавачите. Секој од нас е личност, со професионален интегритет и минато. И никој нема право на таков груб начин да се однесува кон вработените и да ја злоупотребуваат својата положба и довербата што им е дадена. Јас ниту лани, ниту сега немав и немам намера да се откажам во доказување на вистината и истерување на правдата.

Секој треба да одговара за своите постапки и да си ги спроведе своите обврски. Ќе одговорам со контра прашање – дали сега вестите се подобри, погледани, поинтересни, пообјективни, попрофесионални или кога ги работевме со стариот новинарски тим на Телма? Фактите говорат во наша корист. Тоа беа вести во кои гледачите имаа најголема доверба! А тоа, ви тврдам е најтешкиот дел од нашата работа- гледачите да ви веруваат, вели за А1он, Лазаревска.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време