(ВИДЕО) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

Од:

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сакаат насилнички со ЕУ знаме да го протуркаат без дебата. По трет пат го доставуваат истиот закон, прво од група пратеници, па од Влада, па сега од Влада ама со ЕУ знаме, изјави на денешната прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.

ВМРО-ДПМНЕ не го кочи процесот, туку предлага суштински амандмани во согласност со препораките на ГРЕКО, за да се зголеми транспарентноста и борбата со корупцијата, додава таа.

„Ние и за овој закон повторно ќе ги поднесеме амандманите со кои се имплементираат забелешките на ГРЕКО, амандманите со кои ќе се овозможи поголема професионализација на Државната комисија и кои ќе ја намалат корупцијата во државава“, изјави Лашкоска.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, посочува дека тие повторно ќе поднесат 37 амандмани, дел од нив се однесуваат на намалување на бројот на членови од 7 на 5. Амандманите се со цел да се спреечи антикоруоциската комисија да стане партиско тело за пресметка со неистомисленици.

„Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се од суштинско значење со што би се спречило антикорупциската комисија да се претвори во еден вид партиско тело за реваншизам и пресметки со неистомисленици на власта“, посочи Лашкоска.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати