А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Лансирањето на новата кинеска ракета претставува проба на антисателитско оружје, сметаат САД

by А1он16/05/2013 - 17:47143
Share0

Американската администрација верува дека кинеската ракета, лансирана неделава, е прва проба на ракетен пресретнувач, што може да биде користен и за уништување на сателити во орбитата на Земјата, изјави анонимен американски воен функционер.

Следете a1on на Instagram Instagram

Кина во понеделникот во вселената лансираше ракета, но со неа во орбитата не беше однесен никаков предмет, соопшти Пентагон во средата. Ракетата се врати во атмосферата над Индискиот Океан.

Претставникот на Пентагон Моника Матуш изјави дека се регистрирани неколку предмети во текот на летот, но дека не е забележано поставување какви било објекти во орбитата или дека некои од предметите поврзани со лансирањето останале во вселената.

Големата ракета достигна висина од 10.000 километри над Земјата, што е најголема висина достигната уште од 1976 година, изјави Џонатан МекДовел, астрофизичар од Харвард-Смитсонијан центарот за астрофизика.

Следете a1on на Youtube YouTube

Кина соопшти дека ракетата е лансирана од центарот за лансирање сателити во Сичанг, во западниот дел на земјата и дека носела научна опрема за истражување на земјината магнетна сфера.

Сепак, според најновите американски разузнавачки податоци, ракетата може да биде користена во иднина за носење антисателитско оружје на такви слични патувања.

– Тоа беше проектил за кој веруваме дека претставува прва проба на еден пресретнувач што е дизајниран за гаѓање сателити кои се наоѓаат во орбитата, изјави анонимен американски воен претставник.

САД се загрижени поради кинескиот развој на антисателитски капацитети откако Кина гаѓаше со ракета еден од нејзините сателити, што престана да функционира во орбитата, во 2007 година.

kinasad

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 19:30

Америка извршила воено злосторство со нападот врз училиште во Иран, тврди ОН

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 11:53

Селф: Не е исклучена можноста за распад на БиХ

Предраг Петровиќ15/09/2026 - 20:24

Американците потврдија дека имаат оружје во вселената: „Одговор на Русија и Кина“

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:25

(ВИДЕО) Американската војска изгубила најмалку 42 летала во војната со Иран, трошоците достигнаа 29 милијарди долари

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:21

Бин Салман двапати го повика Трамп: САД да ги нападнат Хутите

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео