Судскиот процес за „Монструм“, за убиството убиство кај Смиљковското Езеро, ќе биде укинат на 30 јуни кога истекува мерката притвор за осомничените. Ова го тврди порталот на албански јазик „Лајмпрес“, кој цитира изјава на адвокатот на обвинетите Насер Рауф. Тој тврди дека обвинителството нема докази и ќе мора да го повлече обвинението.
„Да почекаме до 30 јуни. Тогаш завршува притворот за обвинетите. Или обвинителството ќе изнесе докази и ќе почне главниот претрес на судењето, или процесот ќе биде прекинат во отсуство на докази“, вели Рауф.
Според него, можно е и да биде продолжен притворот, но дека не верува во тоа.
Во акцијата „Монструм“ беа уапсени 20 лица, сите Албанци, под сомнение дека учествувале во грозоморното убиство. Подоцна дел од нив беа ослободени, а само шестмина беа обвинети дека директно учествувале во егзекуцијата.
Полицијата и обвинитеслтвото за цело време тврдат дека имаат сигурни докази дека шестмината учествувале во убиството.