„Лајка“ ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека претпријатието функционира за исцрпување на народни пари

Од:

Јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни Лајка, ги демантира обвинувањата од Стефан Кирков, член на ВМРО-ДМПНЕ, дека претпријатието функционира за исцрпување на народни пари и дека постои судир на интереси, овозможен од в.д директорката Тина Петрушевска.

Кирков во денешното видео, кое е поставено на неговиот личен профил и е достапно на јавноста, изнесува невистини со кое се нарушува името и угледот на претрпијатието на чело со в.д директорката на Лајка, како и на членовите на Управниот Oдбор на претпријатието.

Тој тврди постои судир на интереси со назначувањето на Никола Савовски за претседател на Управниот Одбор на ЈП Лајка, којшто е вработен во Агенцијата за храна и ветерина, како и за членот Влатко Илиевски, вработен на Факултетот за ветеринарна медицина. Кирков вели дека Савовски и Илиевски, со членувањето во УО на Лајка сами на себе си исплаќале народни пари од сметката на Лајка и дека тие извршувале одредени работи во корист на претпријатието, односно имале можност да влијаат на тендерските постапки кои ги објавува Лајка, во корист на институциите каде што се вработени. Според неговите наводи, постоел судир на интереси и со назначувањето на Љупка Аврамовиќ за член, затоа што била сопственик на коњичкиот клуб „Барбадос“, кој по разни основи наводно наплаќа средства од препријатието.

ЈП Лајка НАЈОСТРО ГИ ДЕМАНТИРА овие тврдења на Стефан Кирков како тенденциозни и неосновани и без познавање на законските прописи за тоа кој ги назначува членовите на Управниот Одбор на јавните претпријатија на Градот. За информирање на целата јавност, в.д директорката Тина Петрушевска нема никаква допирна врска со назначувањето на членовите на Управниот Oдбор на претпријатието, ниту пак институциите каде што се вработени членовите на УО кои ги наведува Кирков, по кој било основ учествуваат на тендери кои ги објавува Лајка.

Членовите на УО на ЈП Лајка, се именувани со Одлука на Советот на Град Скопје на триесет и третата седница, одржана на 21 мај 2019 година, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” број 05/02), и член 17 од Законот за јавните претпријатија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 19/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15,61/15, 39/16, 64/18 и 35/19).

Оттука, Кирков во јавноста презентира лаги и ги вади работите од контекст, со што најгрубо се обидува да направи штета на претпријатието за благосостојба на бездомните животни, на директорката и на членовите на Управниот Одбор, креирајќи негативен ПР за Лајка кое работи согласно закон.

Би можело да ве интересира

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар

Отворен ден во Лајка: Вашиот мелез е единствен и уникатен

А1он

„Лајка“ со апел: Стоп за петардите и пиротехничките средства, подадете храна на бездомните животни

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов

Отворен ден за вдомување кучиња во прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Ана Ололовска

Хистерично дерење и навреди од директорката на „Лајка“ по написот за негрижата за кучињата скитници

Кристијан Ландов