(ВИДЕО) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Од:

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип. Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град. Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец, изјави Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје.

– Но, што направи таа? Скопската Зоолошка ја претвори во еден хорор филм, каде за помалку од три години направи помор и таму починаа повеќе од 40 егзотични животни, установа која ја пратат само инциденти. Сепак доколку не се ангажираа институциите во Зоолошката ќе се случеше катастрофа од невидени размери.

Здравјето на граѓаните и здравјето на вработените во оваа установа е пред се, сметаме дека институциите реагираа навремено и професионално. Постапката со евтаназија на животните кои имале близок контакт со заболеното животно во кое се утврдил вирусот е постапка која е по сите стандардизации и таа се практикува во сите зоолошки и е дел од регулативите во ЕАЗА, Европска Асоцијација на зоолошки и аквариуми. Апелираме до Арсовска да прекине со продукција на лаги и хорор филмови. Доста Арсовска поддржана од СДС, ДУИ и Левица, ги малтретира скопјани, намерите им се јасни и се препознаени од сите. На неспособната Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, а потоа следи и одговорност – рече Кирков.

Би можело да ве интересира

Арсовска до ОЈО достави 20 нови предмети во врска со градби во Чаир

А1он

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Доставивме нови документи до Обвинителство со фалсификатите на Висар Ганиу

А1он

Арсовска на ФБ: Запознајте го Бујар Аземи – сопственикот на небезбедната зграда во Чаир

А1он