А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Лајчак: Не можете да бидете сигурни дека ќе се примени Договорот од Пржино

by А1он21/07/2015 - 15:51252
Share0

Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, во интервју за „Мета“ оцени дека не постојат гаранции дека Договорот од Пржино ќе биде имплементиран и додаде дека неговото неспроведување ќе значи коцкање со европската перспектива на граѓаните.

Добивај вести на вибер

Кои се механизмите за гаранција дека договорот од Пржино ќе биде спроведен и почитуван?

– Не можете да бидете сигурни дека договорот ќе биде имплементиран. Страните кои потпишаа треба да се осигураат дека ќе биде имплементиран, а договорот е прилично специфичен околу тоа што треба да биде сторено и кога. Тоа што сакаме да го видиме е имплементацијата, почнувајќи со првиот чекор како што предвидува договорот. Ова е договор кој треба да биде имплементиран во име на европската иднина за вашата земја. Ова не смее да биде договор кој едната страна го користи против другата политичка партија, бидејќи во тој случај ќе пропадне. Се надеваме, и го ставивме тоа јасно на знаење со комесарот Хан, дека очекуваме целосна имплементација на овој договор во доверба и добра волја за добробит на сите луѓе во вашата држава.

Дали сте уверени дека пораката е разбрана?

– Па, уверен сум дека е пренесена и се надевам дека беше јасно разбрана и, што е најважно, дека ќе биде разбрана од сите страни, политички лидери и партии во вашата земја.

А, ако не се почитува?

– Тогаш треба да разберат дека си играат со европската перспектива на луѓето. Вие заслужувате европска перспектива, гледате дека остатокот од регионот напредува, мислам дека ова треба да ги алармира сите што се одговорни за перспективата и за иднината на вашата земја.

Дали ќе се искористи оваа влада на национално единство за да се реши барем прашањето за името?

– Сакаме да видиме напредок во спорот за името. Разбираме колку е важно ова прашање. Има механизам, се почитува тој механизам, односно процесот кој се одвива во ОН, и ги повикуваме двете страни да го искористат овој механизам, да бидат конструктивни и во дух на компромис да пронајдат решение.

lajcak

Би можело да ве интересира

Мицкоски – Лајчак: ЕУ да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси

Горан Наумовски11/12/2024 - 20:12

Ковачевски во Охрид ги пречека Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски18/03/2023 - 09:37

Лајчак: Македонско-бугарскиот спор негативно влијае врз Белград и Приштина

А1он13/09/2021 - 17:15

Пендаровски – Лајчак: С.Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори

Ана Ололовска08/10/2020 - 11:5108/10/2020 - 11:51

Средба на Заев со претседателот на Генералното Собрание на ОН, Мирослав Лајчак

Наум Локоски22/09/2017 - 16:32

Лајчак: Формирањето влада треба да стави крај на политичката криза

Наум Локоски29/05/2017 - 13:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен