Лајчак: Денешниот договор значи нова надеж и поттик за Македонија

Од:

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, прв од меѓународната заедница го поздрави договорот за ставање крај на политичката криза во Република Македонија, што утринава го постигнаа четворицата политички лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, заедно со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, европратениците Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, како и европскиот и американскиот амбасадор во земјата, Аиво Орав и Џес Бејли.

Лајчак на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер” порача дека договорот значи нова надеж и поттик за Република Македонија.

– Денешниот договор значи нова надеж, го поздравувам и истиот дава потребен поттик за Македонија. Сите партии и медијаторите од Европската унија заслужуваат пофалба за нивната посветеност, порача Лајчак на „Твитер”.

Претходно, посредниците Хан, Кукан, Ховит и Вајгл, во заедничко соопштение лиферувано од Европската комисија, побараа македонските политички лидери во брзо време и со добра волја да го спроведат договореното, што предвидува одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април 2015 година и дека официјален Брисел со внимание ќе следи како се спроведува договореното.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска