А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Квалитетот на струшкиот мед потврден од германски лаборатории

by А1он24/10/2015 - 12:46220
Share0

Пчеларството во струшкиот регион е на завидно ниво, а постарите пчелари се залагаат во пчеларските друштва да зачленат се повеќе млади, кои во иднина ќе ја продолжат традицијата.

Добивај вести на вибер

– Заеднички работиме со пчеларите, си помагаме за зимување на пчелите, вртење на медот и се што е потребно околу пчеларникот. Се работиме заедно и работите одат многу подобро. Имаме неколку млади пчелари во друштвото, ги учиме ги внесуваме во пчеларството и сакаме да има што повеќе членови во Пчеларските друштв, вели Ристо Достиноски, пчелар од Подгорци.

Струшките пасишта за пчели, смета дека се богати со растенија за квалитетен мед. Достиноски забележа дека во струшко има одлични услови за пчеларење и добра клима, а државата обезбедува субвенции што дополнително ја прави дејноста по атрактивна.

– Субвенциите за развој на пчеларството се добри, но треба да се зголемат за да имаме поголема основа да ги збогатиме пчелните семејства за поголем принос. Со тоа ќе бидеме конкурентни спрема другите места. Колку повеќе друштва имаме ќе има и повеќе мед и ќе може да извезуваме надвор од државата. Нашиот крај е богат со пасишта имаме костен, даб, багрем, ливади и други медоносни шумски и полски растенија, што придонесува за добар и квалитетен мед, нагласи Достиноски.

Квалитетот на струшкиот мед, според пчеларот Гоце Цветески, е потврден со испитувањата кои се вршат во германски лаборатории.

– Медот од овој крај е со врвен квалитет. Тоа освен низата меѓународни признанија го потврдуваат и лабораториските анализи направени во Германија, според кои нашиот мед е број еден. Но приносите се релативно мали бидејќи нашите пчелари пчеларат статично, изјави Цветески.

med

Би можело да ве интересира

Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбито во бегство

Катерина Ѓуровски20/03/2022 - 18:47

18 белоглави мршојадци за малку спасени од труење, расфрлан отров кај Мариово можеше да доведе до нивно истребување

Искра Манојлоска03/12/2021 - 19:3806/12/2021 - 08:45

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска24/09/2020 - 12:10

Пребројување на пеликаните од Преспанско Езеро по повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност

Ана Ололовска22/05/2020 - 08:1722/05/2020 - 08:20

МЕД го одбележува Меѓународниот ден на биолошката разновидност со пребројување на пеликаните од Преспанското Езеро

Ана Ололовска21/05/2020 - 11:40

Во Берово успешно реализирана акцијата ,,Донирај мед за имунитет”

Ландов28/03/2020 - 15:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен