Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

Од:

На Скопје му се случува еколошка катастрофа а неспособноста власт нема ниту капацитет ниту знаење да се справи со состојбите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

На денешната прес-конференција таа посочи дека несправувањето со пожарите што се случуваат во Дрисла, Вардариште и вчерашниот во Трубарево се срам за една држава и една власт која тоне во хаос поради неспособност и рамнодушност.

„Македонија е веќе опасно место за живеење. Над 500 илјади жители на Скопје и околината се во опасност и здравствен ризик поради отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште а власта се крие зад измислени приказни за хибриден напад. ВМРО-токсична создаде хаос кој граѓаните го плаќаат со најскапото нешто, нивното здравје“, рече Кузеска.

При тоа, Кузеска обвини дека додека скопјани се трујат со канцерогени материи ниту една институција не реагираше навреме, власта, институциите, закаснија со реакциите.

„Додека граѓаните вдишуваа загаден воздух, на власта поважно и беше да ја обвинува опозицијата наместо да реагира веднаш и соодветно. Ниту една институција не излезе навреме да каже барем основни информации и препораки што треба да прават граѓаните, колку е голема опасноста од пожарите, особено оној во Трубарево и како да се заштитат. А станува збор за горење на опасни, канцерогени материи“, рече Кузеска.

На прес-конференцијата таа посочи дека СДСМ и претседателот на партијата д-р Венко Филипче беа првите кои реагираа и дадоа препораки до граѓаните да се заштитат.

„По бурните реакции доцна вечерта Министерството за здравство излезе со некакви препораки, цитирам, „за подрачја каде постои ризик од загаден воздух да се остане внатре“ но не ги соопштува кои се тие подрачја.Скопјани се уште не знаат колкаво е загадувањето, кои се опасните канцерогени материи и колкав е ризикот од оваа еколошка бомба, од оваа опасност во воздухот кој го дишат секој ден“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела