Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје.

Овој брутален напад е последица на атмосферата на страв и беззаконие што ја создава оваа власт.

Овој напад е уште еден доказ дека кога се зборува за криминал, кога се откриваат злоупотреби, институциите не ве штитат — туку ве оставаат на милост и немилост на насилниците.

Со недели наназад, јавноста гледаше како во Скопје се откриваат скандали, дивоградби, приклучоци, милионски малверзации, но наместо истрагите да завршат со расчистување на криминалот, завршија со закани. Наместо институциите да ги казнат криминалците, молчеа. Наместо полицијата да ги заштити граѓаните и правото — дозволи ова да се случи.

Ваквиот напад е срам за државата и порака до сите граѓани дека ако зборуваат за криминал и неправда, ќе бидат замолчени со сила.

Бараме од Министерството за внатрешни работи и од обвинителството да постапат веднаш и да ја преземат целата одговорност за неделувањето со кое го овозможија овој напад. Да се расчисти до крај, а насилниците да бидат изведени пред правдата без одлагање.

СДСМ најостро го осудува овој напад и повторуваме, Владата мора да престане да ги штити криминалците и да почне да ја штити правдата.

Државата не смее да биде заложник на мафијата и на оние што со закани и со сила се пресметуваат со секој кој се обидува да открие криминал, рече на прес конференција портпаролката на СДСЈ, Богданка Кузеска.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски