Кузеска: Мицкоски и Апасиев се против сите стратешки одлуки, против ЕУ и НАТО

Од:

Под заложништво на Левица, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против сите стратешки одлуки на земјата, против ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа и не гласаше за Договорот со кој станавме членка на НАТО, а Мицкоски не честиташе и не го поздрави усвојувањето во македонското Собрание рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Боганка Кузеска.

– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не поддржаа ниту почеток на преговорите со ЕУ. Напротив, кога на маса беше Европскиот предлог и заклучоците по него, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа хистерија, организираа протести кои станаа и насилни. Заедно со Левица ширеа лажни вести за наводно загрозување на македонскиот јазик, го плашеа народот со асимилација и бугаризација која не се случи. Напротив, започнавме преговори со ЕУ со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет. Денеска, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против членството во ЕУ а уште една потврда за тоа е фактот што не делегираа претставници во работните групи Така се однесува ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица. Тие се против секоја важна стратешка и државничка одлука. ВМРО-ДПМНЕ и Левица се лонче и капаче вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство