Курто Дудуш: Денеска се сеќаваме на 75 години од Холокаусот на Ромите

Од:

„Денеска се сеќаваме и одбележуваме 75 години од Холокаусот на Ромите. Ромите беа ограбувани од правото на еднаквост само поради тоа што беа Роми.“, потсетува градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, преку соопштение.

„Нацистичката идеологија за „расно супериорна“ нација, неаргуметирано истреби 250 000 – 500 000 роми поради „антисоцијалното и криминалното однесување“.

Ромите, Евреите, Полјаците, лицата со физички недостаток, полициските затвореници, ЛГБТ беа „проблем“ кој што требаше да се отстрани поради радикална идеолошка основа.“, додава Дудуш.

Во историјата има многу податоци за Холкаустот, како што вели, меѓу сите тие, многу мал дел се насочени токму кон начинот на кој Ромската популација е систематски убивана за време на Втората Светска Војна. Каде што Ромите жртви заслужуваат да се споменат, тоа е обично не повеќе од забелешка: Ромите се гледаат како една од “дополнителните групи”, кои претрпеа во тоа време. Ромите не беа „дополнителна група“, тие беа една од клучните целни групи за целосна елиминација од нацистите. До крајот на војната, големината на ромската популација се смета дека беше дури 80% од она што беше на почетокот. Геноцидот на Ромите се спроведе во сите земји во Европа за време на Втората Светка Војна, заклучува Дудуш.

„Човековиот одговор на болката и страдањето на другите е да се признае страдањето и да се обиде да се поправи продолжувањето на штетата. За преживеаните од холокаустот, за семејствата на преживеаните и семејствата на оние кои загинале, она што општеството во најмала рака може да го направи е да не заборавиме.

Ние направивме избор да се ослободиме од бариерите и границите на минатото време и носиме одлуки значајни за иднината на новите генерации.

Ромскиот јазик, нашата култура, традиција, празници и историја се сегменти кои го градат современиот мултикултурализам. Денеска, Ромите се граѓани кои се образуваат, работат и интегрираат согласно правните норми на државата. Свесни сме за нашите предизвици и затоа, заедно се бориме за економска сигурност, општествена еднаквост, стабилност и пристап во сите сфери.

Уверени сме дека човечкиот идентитет е човеково право и суштествен елемент во секое слободно отштество.
Заедно се сеќаваме и не го забораваме најмрачниот сегмент од историјата Ромите – холокаустотот. Нашата сплотеност во одбележувањето на овој ден е основа во борбата за еднакви права и човекови слободи.“, наведе Дудуш во соопштението.

На крај, да го впериме погледот кон новите генерации, нашата младина и интелектот кој го поседува бидејќи заедно имаме должност преку научени лекции да им обезбедиме подобра иднина и општество со можности и демократски вредности.

Да не заборавиме! Никогаш да не се повтори!

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска