Курц под критики поради поддршката на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, во понедленикот и вторникот е изложен на критики од страна на европските партии од левиот центар поради поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на нејзиниот предизборен собир во неделата во Скопје.

Поранешниот челник на европските социјалдемократи во Европскиот парламентот, Ханес Слобода изрази жалење поради настапот на шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, кој во рамките на својата дводневна посета на Македонија, присуствуваше на предизборниот собир на ВМРО-ДПМНЕ, каде во својот говор изјави дека Македонија е на добар пад и ѝ се заблагодари на земјата на поддршката во справувањето со бегалската криза, пренесува агенцијата Танјуг.

„Крајно време е Македонија да тргне по нов пат на основа на европските вредности. Затоа е особено за жалење што министерот Курц ги поддржа оние кои се одговорни за тешката ситуација во која се наоѓа земјата“, истакнува Свобода во соопштението. Според неговите зборови, на Македонија ѝ се потребни слободни избори, без влијание на странските министрите или владите.

Свобода потсетува на скандалот со обвинувањата за прислушуваните телефонски разговори, за злоупотреби на функциите, и за корупцијата на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што доведе до одржување на предвремените парламентарни избори на 11-ти октомври.

„Почитувањето на владеењето на правото станува ирелевантно кога станува збор за задржувањето на бегалците“, запраша на Twitter заменикот претседател на „Европската иницијатива за стабилност“, Кристоф Бендер.

Од австриското министерство за надворешни работи во соопштението до државната новинска агенција истакнуваат дека Себастијан Курц на предизборниот собир учествувал не како шеф на дипломатијата туку како претставник на Европската народна партија (EPP), чиј член е неговата Народна партија на Австрија (OеVP), како и ВМРО-ДПМНЕ. Укажуваат, исто така, и дека и германски претставник на владејачката CDU одржа говор на собирот во Скопје.

Австриската дипломатија порачува и дека состојбата во Македонија не смее „еднострано да се гледа, туку оти е неопходно реформските напори да ги преземаат заедно и конзервативците и социјалдемократите“. „Двете страни треба да создадат услови за слободни и фер избори“, истакнуваат од Виена.

Би можело да ве интересира

И австрискиот министер за финансии најави оставка

А1он

Австриското обвинителство побара укинување на имунитетот на Себастијан Курц

ВИДЕО: Пратеничка се онесвести на говорница за време на вонредната седница поради ситуацијата со Курц

А1он

ВИДЕО: Себастијан Курц поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Курц ги отфрли наводите од истрагата за корупција и проневера

А1он

Покрената истрага против Курц

А1он