Курц: Нападот на пратениците во Собранието е акт на заплашување

Од:

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц и генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер остро го осудија вчерашниот напад на Собранието на Република Македонија

Тие сметаат дека насилството не смее да биде замена за политичките решенија. Такви решенија треба да бидат пронајдени низ демократските процеси.

– Нападот на неколку пратеници на Собранието и влегувањето во зградата на парламентот, што треба да биде срцето на демократија, се шокантни. Ова е акт на заплашување, напад врз претставниците на народот што јас без колебање го осудувам. Редот и мирот мора да бидат вратени веднаш. Ги повикувам сите страни да се воздржат од понатамошно ескалирање на тензијата и насилството, рекол Курц.

Генералниот секретар Заниер смета дека за насилството нема место во политичкиот процес.

– Насилството мора да запре веднаш. Полицијата мора да ја гарантира безбедноста на пратениците и да ги изнесе сторителите пред лицето на правдата, изјави Заниер.

Двајцата ги повикаа политичките актери да го продолжат дијалогот во парламентот и да ги почитуваат демократските принципи, како и резултатите од изборите во декември.

Би можело да ве интересира

Заев-Курц: Имаме заедничка обврска да обезбедиме европска иднина за Западен Балкан

Жарко Настоски

Курц по средбата со Заев: Северна Македонија заврши одлична работа на европскиот пат

Жарко Настоски

Курц вети поддршка од Австрија, задоцнетите преговори на С.Македонија да почнат до јуни

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Заев-Курц: Австрија останува силен партнер на Република Македонија

Наум Локоски

Заев нема да присуствува на работниот ручек кај Курц со премиерите на Западен Балкан

Наум Локоски

Курц го поздрави договорот во македонскиот Парламент

Наум Локоски