Куп преставки за Мерко, а сите во фиока – Судски совет ја изгубил пријавата против судија, обвинителството го шетало предметот, обвинуваат од Антикорупциска

Од:

Антикорупциска до судскиот совет доставила претставката против претседателот на струшкиот суд, а поради сомневање за политичко влијание кога постапувале по судски предмет во кој странка била Општина Струга односно градоначалникот Мерко.

Од 2010 година, Општина Струга работи со блокирана сметка, минимум средствата со кои може да работи го определува судот. За да може да се изврши набавката на возилата меѓу кои беше и лускузното „ауди“, тој минимум требало да биде зголемен. Со години се барало зголемување на тој минимум – но дури во 2017 година бил зголемен.Тоа е периодот кога Мерко станува градоначалник посочи Билјана Ивановска, претседателка на Комисијата.

„ Се сомневавме дека тоа е сторено поради политичко влијание врз судијата кој постапувал по барањата од должникот Општина Струга за зголемување на минимум средства за извршување на основната дејност на општината – бидејќи за две решенија со иста фактичка состојба и две образложени причини, донесени се различни одлуки, вели Билјана Ивановска

Но отогаш молк. А кога се испратиле „Ургенција“ до каде е постапувањето по пријавата од судскиот совет добиле известување:

„По извршените проверки во електронската архива, таков предмет не е пронајден“.

„Ние имаме доказ дека претставката во Судски совет е примена“, рече Ивановска, покажувајќи ја доставницата која докажува дека предметот бил примен и заведен во архивата на судскиот совет. Но предметот сега го нема.

Уште поголем проблем е што сега Судски совет ги известиле дека предметот кој се однесува за наводите за претседателот на судот, сега е застарен, бидејќи решенијата се од 2016 година и 2017 година.

„ Значи ние кога сме доставиле, тој не бил застарен. Потоа предметот исчезнува, иако имаме доставница дека сме го доставиле. Кога треба да одговарат, тие ни викаат дека застарел“, рече Ивановска.

Државната комисија за спречување корупција уште во 2019 година утврдила и низа злоупотреби  во работење на Рамиз Мерко како градоначалник и согласно процедурите испратила предмети до обвинителството, но и оттаму ништо не превзеле.

-Наводите што ги најдовме беа поткрепени со извештаи од Државниот завод за ревизија, меѓутоа ништо не беше преземено. ДКСК врз основа на наоди во медиумите, отвори предмет за Рамиз Мерко во мај 2019 година. Констатиравме дека градоначалникот свесно и намерно ја злоупотребил службената положба и овластување и нанел штета на буџетот на општината и државата и прибавил противзаконска корист за себе и друг. Во ноември 2019 година поднесовме иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на Рамиз Мерко., вели Билјана Ивановска, претседателка на Комисијата.

Од Антикорупциската велат дека тие ги доставиле сите потребни документи, а пријавата била шетана од обвинителството во Струга, до републичкото, па назад во Струга и на крај завршило во обвинителството за организиран криминал.

Таа објасни дека барале информација до каде е предметот кој се води во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по нивна иницијатива од пред четири години – но не добиле информација.

„Од Јавното обвинителство, на 4 декември 2019 година не известија дека иницијативата е доставена во надлежност на Обвинителството во Струга за натамошно постапување. На 4 декември 2021 година испрати ургенција во Обвинителството во Струга со цел да добие одговор дали е постапено по иницијативата. Оттаму на не извистија дека иницијативата е во ОЈО-ГОКК бидејќи Рамиз Мерко се товари за нанесена штета при вршење на јавни набавки. ОЈО-ГОКК издал наредба до МВР за натамошно постапување. На 4 август 2021 година од МВР добивме барање за доставување документи. Ги доставивме документите. Оттука натаму не знаеме што се случува со предметот“, додаде Ивановска.

Последното известување од координаторот на Републичкото јавно обвинителство, бил дека во тек е увид и проверка во постапувањето по предметите и дека не се во можност да дадат информација.

„Вчера тоа го побаравме и ни кажаа дека не можат да споделат повеќе податоци“, наведе Ивановска.

Таа вели и дека во извештајот за ставовите на самите судии и обвинители за корупција во правосудството, кој ДКСК го изготви заедно со ОБСЕ и беше презентиран минатата недела, еден од главните показатели е дека самото правосудство е под влијание и на извршната власт, но и од страна на повисоки судии и претседатели на судови.

Во последните четири години Антикорупциската комисија изработила голем број предмети, а заклучно со 2022-ра година, има дадено повеќе од 100 иницијативи и препораки, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска. Сепак, како што додава таа, во државата има спреги коишто не дозволуваат институциите соодветно да функционираат.

„ постојат спреги коишто не дозволуваат институциите да функционираат како што треба. Дали да тргнеме од негативна селекција, избор на раководна структура, вработувања…на секој можен начин, во секоја пора се обидува да се влијае. А, на тоа ако се додаде и недостигот на интегритет кај поединци коишто се поставени на несоодветен начин на одредени позиции, коишто имаат за враќање таму од каде што ги поставиле, многу јасно е дека ќе се функционира на ваков начин“, вели Ивановска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов